Црн петок, голема лага кај нас

Црн петок, голема лага кај нас, со вештачки попусти.

Црн петок е „празник“ во Америка и датира од 1960 година, кога трговците сфатиле дека започнува божиќната атмосфера и решиле да ги намалат драстично своите производи. Во, Америка дури и некои вработени имаат и слободен ден за овој таканаречен празник.  Но, во Америка ова навистина е празник, бидејќи таму цените се драстично намалени и 50% попуст е навистина 50%, многу држави решиле да ја превземат оваа пракса па црн петок имате и кај нас.

Но, со чест на исклучоци, кај нас навистина на некои артикли и некои компании прават попусти, но другите го лажат само народот. Кај сме утепани од немаштија, па се радуваме на вакви настани, губиме време дека сме прочитале дека некаде има попусти и доаѓаме до местото и шок. Џабе пари за превоз, џабе не сме се одмориле после работа, џабе сме го потрошиле драгоценото време кое овој брз начин на живот го имаме многу малку.

Цените скоро исти како и предходно, измислени цени, како божем предходно било 4000, ама сега е за само 2000, а пред два дена сте биле на истот место и цената била 2400, значи попустот не 50%. Ако веќе се вклучувате во оваа акција, останете доследни, навистина направете намалување, ако сте ветиле 50% нека биде или наведете дека максиум намалување ќе биде 20 %, а некои работи што не сте ги продале со години можеби ќе ги давате многу евтино.

Многу јасно и гласно, ако немoжете да спроведете таква акција ве молам не правете Црн Петок, доста ги лажете луѓето, ви благодарам многу, од сериозно загрижен купувач.

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk