CoolBox се што му треба на еден маж

Ви ја преставуваме CoolBox, се што му треба на еден маж.

Секој маж има кутија со алати. Понекогаш тие се свето нешто, па ги оставаат и на своите синови. Сигурно да поправите нешто по дома ви треба алат и нема да викнете мајстор. Кога ќе ја видите кутијата CoolBox ќе сфатите дека е сон за секој маж.

Оваа кутија моментално е дел од кампањата на Indiegogo и собира донации за масовно производство, Но, само што ја објавија идеата собраа донации за 24 часа, а има и зашто. Оваа кутија содржи многу корисни алатки, а еве кои се:

– внатрешна батерија која работи до 2 дена

– 2 USB порти за полнење

– LED осветлување, кое се наоѓа внатре во самата кутија и дава доволно светлина за работа

– плочка за пишување и цртање

– 3m продолжен кабел и 3 дополнителни утикачи

-тркалца на кутијата да се вози како количка

– место за таблет или мобилен телефон

– отварач за шишиња

– LCD часовник

-магнетна лента така што секоја алатка би била на своето место

-и се разбира доволно простор за сите алатки што ви се потребни

Цената на оваа кутија ќе изнесува 179 долари или 8800 денари, што можеби е малку скапо, но по она што го нуди мислиме дека до негде и е реална. Можеби оваа кутија ќе биде вашата роденденска желба.

кутија за алати

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!