Volkswagen Lupo го понижи моќниот BMW 335d

Сопственикот на Volkswagen Lupo, реши својот автомобил од обичен да го направи, тркачки.

За таа цел серискиот мотор го заменил со 2.0-литарски TDI мотор, кој го појачал на 500 КС, па ова Lupo 402 метра ги поминува за 11 секунди.

Volkswagen Lupo е мал градски автомобил произведен од германскиот производител во 2005 година. Со своето сериско издание тешко дека може да го совпади поголемиот дел од автомобилите на патот, особено не BMW 335d. Сепак овој сопственик видел потенцијал во својот автомобил и решил да го направи невозможното. За подобар трансфер на енергија, сопственикот одлучи да инсталира погон на сите тркала, така што овој Lupo се пали како ракета. Така да го победи BMW E92 335d, чиј 3.0-литарски дизел мотор појачан на 480 КС не беше доволно.

 
Овој автомобил во дуел го победил и BMW E46 330d кој беше појачан на 530 KS и тој немаше никакви шанси против ова Lupo.

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk