Шевролет Камаро од 1969 година во брутално издание

Само во ретки случаи некои американски „мускули“ можат да се споредуваат со легендарниот Форд Мустанг или Шевролет Камаро.

Шевролет Камаро - 1969

Се разбира, ова е една од причините зошто добрите „парчиња“ на аукциите сè уште достигнуваат астрономски цени во денешно време.

Шевролет Камаро - 1969

Шевролетот Камаро од тјунинг клубот „RingBrothers“ е еден таков примерок, без разлика на аголот од кој го гледаме, бидејќи кога станува збор за тјунирање, односно, цела реконструкција, вниманието е насочено кон најмалите детали, а резултатот е многу видлив.

Шевролет Камаро - 1969

Но, она што не е очигледно на прв поглед е скриено под капакот на моторот, тоа е, „Chevy LS3“ опремен со компресор „Whipper“, што значи дека е прилично брутален, дури и во однос на супер автомобилите.

Шевролет Камаро - 1969

Со дополнителна доработка на системот за издувни гасови, Камаро од „RingBrothers“ има моќност од скоро 1.000 коњски сили, а да не биде подготвуван овој Камаро само за рамни трки, тие додадоа и дополнителна суспензија и сопирачки.

Шевролет Камаро - 1969

Сè на сè … Еден од најубавите примероци што неодамна сме ги виделе.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!