Книгата за Ферари чини неверојатни 150.000 долари

Британскиот издавач Кракен Опус, издаде книга за историја на Ферари наречена „The Official Ferrari Opus“.

Ако сте еден од среќните луѓе на планетата што можат да си дозволат Ферари, вредни 200.00, 300.000 или половина милион долари ви завидуваме. Но, плаќање за книга за историјата на Ферари која чини 150,000 долари е вистина лудо.

ферари

Британскиот издавач Кракен Опус издаде книга за историја на Ферари наречена „The Official Ferrari Opus“ во 2011 година. Книгата имаше 842 страници, а тежише скоро 40 килограми. Освен многуте интересни приказни за развојот на култните модели, како и за семејството на Енцо Ферари, оваа книга има колекционерска вредност.

Класичното издание се продавало по цена од 4.100 долари, издание на Енцо печатено во 400 примероци, а изданието што ќе го видите подоле на фотографиите е всушност издание на Diamante. Отпечатена е во помалку од 200 копии. Идеата била да оваа книга ја има секоја земја во светот, како примерок. Оваа книга се продавала 275.000 долари, но продажбата не поминала добро.

ферари

ферари

ферари

Наскоро, аукциската куќа на аукционерот RM Sotheby’s, ќе најде копија од примерок на книгата „The Official Ferrari Opus“, но стручњаците предвидуваат дека цената ќе достигне до 150.000 долари.

За тие пари би купиле Ферари нели?

Сподели го ова преку:
  • 19
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!