Хипер брзиот автомобил на Мерцедес Бенз

Мерцедес Бенз го претстави хипер автомобилот за Формула 1 кој чини повеќе од 2 милиони долари и има над 1.000 коњски сили.

Хибридот од двосед со високи перформанси, произведува над 1.000 коњски сили и достигнува максимална брзина од над 400 километри на час.

Мерцедес Бенз - AMG Project One

Неговиот вграден хибриден систем доаѓа директно од Формула 1. Тој користи еден бензински мотор со турбополнач и четири помошни електрични мотори.

Мерцедес Бенз - AMG Project One

AMG Project One не е само уште еден модел на Мерцедес. Напротив, станува збор за иднината на Mercedes AMG. Целта беше најдобрите можни перформанси да не се потпираат на бензин. Затоа, иднината на нашиот бренд е хибридизација и електрификација. Овој тип на автомобил го покажува патот на иднината“, кажува Дитер Зече.

Тим Стивенс од автомобилската веб-страница „Roadshow“ вели: „Нема многу коњски сили и веројатно нема иста максимална брзина како и Bugatti Chiron, а на тркачката патека Mercedes AMG може да биде исто толку брз како Формула 1, но на патиштата може да направи бум во споредба со другите автомобили.

„Не е јасно дали овој автомобил е дизајниран и за обичен пат, но мислам дека тоа би можело да е така. Мерцедес досега се нема изјаснето околу оваа дилема, но, автомобилот достигнува максималната брзина повеќе од 400 километри на час и за помалку од шест секунди забрзува повеќе од 200 километри на час, па тоа се екстремно добри перформанси за на улица, исто така, тркалата се со „улични“ гуми, но… Никогаш не се знае“, вели Стивенс.

Повеќето од овој тип на автомобил се предвреме продадени, а цената на еден ваков супер-автомобил се претпоставува дека ќе надмине и два милиони долари.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!