„Discovery“ повлече шлепер со седум приколки

По неодамнешните демонстрации кога повлече три железнички патнички вагони, „Land Rover“ уште еднаш го покажа капацитетот на својот „SUV Discovery“.

Во Land Rover овој пат одлучија дека за Дискавери кој располага со три-литарски шестцилиндричен турбо дизел мотор, да му прикачат камион со седум приколки, која е вообичаен начин на транспорт во патниот сообраќај во Австралија, познат како „Road Train“ (уличен воз).

Discovery на крајот се соочи со вкупна тежина од 110 тони и 258 КС и 600 Nm максимален вртежен момент со кој располага неговиот три-литарски турбо дизел мотор, а тоа беше доволно за без никакви доработки и подобрувања Discovery да биде „шлепер“ неколку стотици метри.

Колку за потсетување, „Discovery Sport“ минатата година, влечеше “шлепер” со вкупна тежина од 100 тони, без никаков проблем до дестинација со должина од 16 километри, а на некои делници достигна и брзина од 44 километри на час.

Последниот пат кога Land Rover демонстрираше сила, се искористи за промовирање на најновото издание на Discovery, кој ќе се нуди во комбинација со двo-литарски и четири-цилиндарски турбодизел мотор од „ingenium“ генерацијата со 180 и 240 КС и дво-литарски четири-цилиндарски турбо бензин мотор со 300 КС.

За пренос на силата на двете оски во сите верзии на овој ѕвер е задолжен 8-брзинскиот автоматски менувач на ZF.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk