Алфа Ромео има најбрз SUV

Моделот „Stelvio Quadrifoglio“ ја заобиколи стазата Нирбургринг за 7 минути и 51,7 секунди, што е најдобриот резултат досега постигнат со SUV автомобил со сериско производство.

Алфа Ромео - Стелвио Квадрифолио

Рекордерската верзија има Q4 погон на сите четири тркала, опремен со 2,9-литарски Twin-Turbo мотор со 510 КС, како и диференцијал за распределба на вртежниот момент.

Алфа Ромео - Стелвио Квадрифолио

„Alfa Romeo“ сега има двa рекордa na Нирбургринг со „Giulia Quadrifoglio“ (најбрзиот сериски автомобил со четири врати) и „Stelvio Quadrifoglio“ (најбрзиот сериски SUV).

 
Новото рекордно време, кое „Stelvio Quadrifoglio“ го постигна на 20,7 колометри долгиот „Нордшлајфе“ круг, за 8 секунди е пократко од претходното рекордно време (7:59.7) во категоријата на SUV возилата, кое го беше поставено од „Porsche Cayenne Turbo“ во есен 2014 година. Зад воланот на алфашкиот SUV беше „Fabio Francia“, истиот возач кој изведе најбрз круг и во категоријата седански модели со 4 врати (Giulia Quadrifoglio), со време од 7 минути и 32 секунди.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!