Американка била на маникир и поради инфекција за малку ќе умрела

Џејни Шарп од Ноксвил во Тенеси не би можела да претпостави што би можело да и се случи кога отишла на маникир. Имено козметичарката која и ги средувала ноктите случајно ја боцнала во палец.

По само неколку часа нејзиниот палец почнал да „пулсира“, а таа почувствувала симптоми поради кои мислела дека има грип. Бидејќи една од нејзините ќерки е медицинска сестра ја натерала да оди на доктор. Следното утро нејзината рака била отечена до лактот, а докторите констатирале дека има „Некротизирачки Фасцитис“, по-познато како бактерија која јаде месо.


Оваа ретка, но и смртоносна инфекција го убива мекото ткиво во човечкото тело. Некроза Фасциа, исто така, се вика и хемолитичка стрептококна гангрена, акутна кожна гангрена, болничка гангрена, гнојно воспаление  и синергистички некротизирачки целулит.

„Докторите ми рекоа дека најверојатно би умрела ако сум дошла еден час покасно кај нив на преглед. Еден човек на Флорида умрел за само 48 часа откако се заразил со таа бактерија“, рече Џејни.
По тоа, Џејни направила неколку операции, а и требало неколку месеци за да се опорави. Палецот сеуште не и е функционален, но таа вели дека е среќна што е жива.

Ова не е првиот случај некој да се инфекцира од бактерија која јаде месо. Неодамна од таа бактерија е заразена и едно 12-годишно девојче од Индиана додека била со семејството на Флорида. Девојчето сеуште закрепнува.

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!