6 годишно дете со едно прашање го спасил бракот на родителите

6 годишно дете со само едно прашање им го спасил бракот на своите родители.

Понекогаш долгите врски и бракот, можат да станат досадни и монотони. Но ова дете е чудо, со едно прашање го спасил бракот на своите родители, кои не приметувале дека бракот им е во криза.

брак

Прашањето било упатено кон неговата мајка: „Мамо морам ли јас во животот да склучам брак?“ Џоан, мајката на детето се збунила, напиша таа на својот блог и не знаела што да му одговори. Тогаш почнала да се прашува себеси што е лошо во нејзиниот брак?

Му одговорив, немораш синко, прави во животот што сакаш. Тоа што те прави среќен, ние сакаме само да си среќен. На детето му олеснало и рекол, па супер мамо, бидејќи не сакам со некого нон стоп да се расправам.

брак

Во тој момент Џоан, сфатила дека пасивното и агресивно однесување на неа и нејзиниот сопруг, лошо влијае на нејзниот син. Да се карате за мали ситници, ја прави дома атмосферата ладна. Тогаш мајката на четирите деца, малиот Холден има и три сестри, направила „ревизија“ на својот живот. Од денот кога таа и нејзиниот сопруг се свршиле, венчавката, спонатани абортуси, здраставени проблеми и проблеми на работата, направиле се да бракот со нејзиниот сопруг трпи.

Таа разговараше со нејзиниот сопруг за проблемот и двајцата се согласија дека нешто мора да се промени – инаку нивниот брак ќе пропадне. Тие одлучија повторно да се вратат еден на друг. Да излезат на состанок и повторно да се вљубат еден во друг.

брак

„Решивме да си посветиме повеќе време за себе, да бидеме на само да уживаме во вечери, кино, престави. Сега е супер, дури и нашиот син сака брак. Домот ни е полн со смеа и шеги“ пишува Џоан во својот блог.

Сподели го ова преку:
  • 37
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk