21 годишен билдер умрел од грип

За само пет дена, 21 годишен млад билдер умрел од грип.

 Беверли

Клер Беверли  (21) се разболел на 23 декември 2017 година, но не мислеше дека симптомите на кашлање и затнат нос ќе се претворат во нешто посериозно. Три дена подоцна, тој морал да ја напушти работата бидејќи одеднаш му се слошило и починал само 48 часа подоцна. Лекарите велат дека смртта била предизвикана од тоа што му откажале ограните, од висока температура.

Мајка на Беверли изјави за WPXI дека пред неговата смрт, Клер бил исклучително убаво момче кое студирало за да стане личен тренер. За првпат забележала дека нејзиниот син не е во ред на Божиќ кога се вратил од работа. Тој изгледаше лошо, вели мајката, и на сите ни кажа дека има грип.. Неговата свршеничка, Оливија Марканио, потсети дека на тој ден Клер, легнал во кревет и се пожалил на болка во градите.

 Беверли

Неговата состојба се влошила, а следниот ден била повикана брзата помош, по што бил пренесен во болница. Тој починал за помалку од 24 часа по пристигнувањето во болница. Неговиот татко Тод на Фејсбук напиша: “Ние немаме зборови за да ја опишеме тагата со тоа што го изгубивме нашиот единствен син. Нека сеќавањата за него вечно живеат! ”

Мајка на момчето ни испрати силна порака до сите: “Мислам дека ги игнорирал своите симптоми, мислејќи дека ќе помине, како што мислат повеќето луѓе. Луѓето треба да покажат поголема загриженост за своето тело. ”

 Беверли

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk