10 Апликации кои секој маж треба да ги има во својот мобилен

Паметните телефони се многу повеќе од сретсво за комуникација. Напредната технологија направи паметните телефони да се извор на забава, информации, комуникација преку друштвени мрежи и слично.

Но она што е најважно е дека паметните телефони нудат можност секој индивидуален корисник, својот мобилен телефон да го прилагоди според своите желби и потреби. Инсталирање на одредени апликации го прават уредот многу корисно средство при решавање на проблеми, кои секојдневно ни стојат на патот. Ние ви ги претставуваме десетте најдобри апликации кои секој маж треба да ги има во својот мобилен.

Апликација за мажи - Tie a Tie

Tie a Tie
Нема ништо полошо од тоа да брзате некаде, а незнаете како да ја врзате вашата вратоврска. Ако немате секси соседка да ви покаже, тогаш дефинитивно ви треба апликацијата „Tie a Tie“. Оваа апликација ви нуди, опција чекор по чекор како да ја врзете на брз и едноставен начин.

SAS - Мобилна апликација за мажи

SAS Survival Guide
Ова е брошура за преживување, извор на техника преку четириесет години, за да ви помогне да преживеете во секој агол на земјата. Брошурата ја напишал „John (Lofty) Wiseman“, поранешен американски војник и инструктор за преживување, а содржи техники од тајните за преживување на англиските воени единици. Во вашиот џеб со оваа апликација имате поголеми знаење и од SAS војниците и можете да преживеете било каде. Барем додека не ви се испразни батерија од мобилниот.

Abs - Апликација за мажи

Abs Workout
Сите сакаме совршени  “Six pack”, без разлика дали станува за стомачни мускули или шест гајби пиво. Но сепак ако преферирате здрав начин на живот, оваа апликација ви нуди вежби за совршени стомачни мускули кои ќе ги покажете на плажа. Се што ви треба е добра волја.

Mixology - Мобилна апликација за мажи

Mixology
Одлична апликација за љубителите на мешање на пијалоци. Но и да не сте љубител, оваа апликација мора да ја имате бидејќи жените обожаваат коктели. А како ќе ја освоите ако не како коктел мајстор.

Wolframalpha - Апликација за мажи

WolframAlpha
Оваа апликација се развива повеќе од 25 години под будното око на Stephena Wolframa. Апликацијата ќе ви ги одговори сите прашања кои ќе ви паднат на памет. Оваа извонредна апликација мора да ја имате, кој знае колку пати ќе ви помогне да бидете паметни. А дефинитивно ќе добиете плус во нејзините очи.

Evernote - Апликација за мажи

EverNote
Некогаш е многу тешко да запамтите се што треба да направите во текот на денот. Оваа апликација ќе ви помогне да си ги организирате дневните обврски.

Webers - Апликација за мажи

Weber’s on the Grill
Кога е во прашање храна, дефинитивно најубаво јадење за еден маж е скара. Квалитетно спремна скара е поим за вистински маж. Оваа апликација ќе ви помогне да ја одржите репутација за совршен готвач.

Stanley - Апликација за мажи

Stanley Level
Модерните мажи мора секогаш да бидат спремни да завршат и некои домашни задачи, за кои им треба алат. Оваа апликација ви нуди да имате водена вага (либела/васер-вага) во вашите раце. Веќе нема да имате проблем со поставување на слика.

Stachetastic - Апликација за мажи

Stachetastic
Ако некогаш сте сакале да знаете како ќе ви стојат брковите на детективот Magnuma ние имаме совршена апликација за вас. Освен бркови со оваа апликација може да пробувате различни стилови на бради. Дефинитивно забавна апликација.

Livescore - Апликација за мажи

LiveScore
Без разлика дали сте страствен кладилничар или не, секогаш треба да сте во тек со спортските резултати. LiveScore е одлична апликација, која нуди резултати од различни спортови. Ви нуди можност да ги пратите резултати во живо, да го обележите вашиот омилен натпревар и да ви стига нотификација за секој постигнат гол.

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!