10 совети како да бидете добра мајка

Секоја мајка барем еднаш во животот се запрашала дали е добра мајка, дали прави сè како што треба и дали може да биде уште подобра. Тоа е сосема природно и нормално! Многу жени имаат страв и се запрашуваат дали доволно причинуваат за своето дете? Дали треба да се потрудат повеќе околу него.

Доколку и вие сте се нашле на тој пат и сте имале слични несигурности, размислете околу следниве десет совети кои би ви помогнале да ги совладате негативните чувства и да уживате во својата улога како мајка.

1. Ослободете се од внатрешниот критичар

Не се споредувајте со другите мајки, затоа што секоја мајка има свој стил на одгледување дете. Секоја мајка постапува во склоп на своите верувања и животни вредности – и тоа е во ред. Вие сте единствени исто како што е единствено и вашето дете – па така треба да биде и филозофијата на одгледување дете.

2. Не трудете се да бидете совршена, туку бидете доволно добра мајка

Многу мајки имаат чувство дека даваат сè од себе а потоа им се причинува дека тоа не е доволно. Ослободете се од тоа чувство и нека не ве гризе совест дека на вашето дете не можете да му ја купите совршената играчка, туку овозможете му сеќавање на времето кое сте го поминале трудејки се да го задоволите неговото барање, односно дека правите сè што е во ваша моќ да се чувствува задоволно. Воспитувајте го во реалноста!

3. Ставете се себеси на прво место

Трудете се секогаш да бидете свежи, весели, насмеани и задоволни. Доколку сте премногу исцрпени, гладни и ненаспани – нема да бидете во можност да дадете сè од себе. Погрижете се да имате време за своето хоби и активности. Среќна мајка – Среќно дете.

4. Помалку е повеќе

Децата не се сеќаваат на сите детали на кои многу мајки посветуваат внимание. Не е важно кој вкус е роденденската торта и дали е кутијата полна со играчки. Важна е блискоста, контактот и вниманието, ситниците со кои покажувате колку го познавате своето дете.

5. Комуникацијата е клучот

Комуникација не значи само разговор, туку и споделување на заеднички активности, слушање музика, читање книги, прошетки, гледање филмови… Потрудете се да знаете кои се интересите на вашето дете во секоја фаза од неговиот живот и бидете му поддршка во тоа.

6. Поминете време со детето насамо

Не е важно дали имате повеќе деца или само едно, потрудете се да поминете малку време насамо со секое дете посебно. Овозможете му на детето дел од времето во денот кога ќе може да ви се довери и „отвори“ со некои проблеми за кои му е незгодно да каже пред целото семејство.

7. Променете ги своите уверувања

Секоја мајка, дали признава или не, има совршена слика за своето дете, почнувајки од неговиот изглед, стил на живеење и неговите интереси, па се до начинот на изразување. Меѓутоа, децата често пати не се пронаоѓаат во тие очекувања и тогаш е време да ги ослободите, да ги пуштите да бидат личности какви што посакуваат и да го прават она во кое тие уживаат.

8. Не мора да правите сè

Се трудите сè да биде совршено, да постигнете статус на SuperMama која ќе постигне да зготви ручек, да отиде на работа, да биде брилијантна во работата, да се врати дома и да подготви вечера, да чита приказни, да отиде на прошетка, да направи вежби за телото, да го исчисти домот… Едноставно – не е задолжително да правите сè!

9. Дисциплина според заслугите

Водете се според правилата дека казната мора да одговара со стореното дело. Доколку имате поголемо дете, прашајте го што мисли во врска со тоа – каква би требало да биде казната, ако имате помало дете – казната нека биде праведна на исто ниво со стореното дело. Никогаш повеќе или помалку од заслуженото!

10. Дозволувајте грешки

Не ги исправајте грешките на своето дете, додека го воспитувате дозволете му на детето да греши и да учи од своите грешки. Иако децата бавно учат, покажувајте им го патот кон животот, разговарајте со нив и грижете се да научат како да се справат самите со себе, своите грешки и неправдата околу нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди