Кучињата ги разбираме уште на 10 години

Способноста да го разбираме сигналот кој ни го испраќа нашето куче, го достигнува врвот отприлика кога имаме 10 години, а најмладите имаат природен талент за дешифрирање на лаењето на кучињата, сугерираат резултатите од новото истражување.

Студијата, објавена во списанието “Применета наука за животинското однесување,” би можела да ја зајакне теоријата за постоењето на универзалниот животински јазик и за тоа дека луѓето и кучињата веќе стотици години ги дели некоја посебна врска.

Истражувањето докажува дека разбирањето на различни типови на лаење е наследно кај луѓето, со тоа што искуството и учењето можат само да ја подобрат оваа способност, изјави ко-авторот на студијата, Чаба Молнар за “Дискавери Њус”.

Некои лаења се забележани во услови кога кучињата биле сами, а други кога кучињата си играле или кога се во среќавање со непознати. Испитаниците потоа биле принудени да го категоризираат лаењето и точно да го споредат со човечките изрази на лицето и емоциите, како што се осаменост, страв, бес, и разиграност.

Сите слушатели со леснотија можеле да препознаат кога кучето е луто. Меѓутоа, само децата од десет годишна возраст можеле точно да ги препознаат и да ги сфатат останатите типови на кучешките огласувања, и затоа постигнале исти или подобри резултати од возрасните испитаници.

Тезата на својствени способности кај луѓето ја докажува и неодамнешното истражување кое покажало дека, особи кои се слепи од своето раѓање исто така многу добро ги препознаваат емоциите на кучињата врз основа на нивното огласување, иако на нивното разбирање на лаењето не влијае визуелната меморија за изразите на кучешките емоции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди