И покрај Дауновиот синдром, работи за МекДоналдс повеќе од 30 години!

Расел Огреди со Даунов синдром е повеќе од 30 години запослен во МекДоналдс во предградието на Сиднеј, Нортмид, а клиентите го обожуваат затоа што е секогаш расположен и љубезен.

Расел има околу 50 години и сеуште ужива во секој момент од својата работа. Тој на 18-годишна возраст се пријавил да работи во МекДоналдс како дел од владината иницијатива која помагала на лицата со посебни потреби да стекнат работно искуство, а поради тоа што бил многу добар работник и го сакал тоа што го работи, му било понудено работно место засекогаш.

Денес, тој работи по 3 дена во неделата, а најдрагоцен дел од работата му е поздравувањето на клиентите. Неговиот позитивен став и љубезност го издвојуваат од останатите, така што станал вистинска легенда.

Неговиот татко Геоф Огреди говори за тоа како неговиот син станал најпознатата личност во Нортмид.

„Луѓето го застануваат на улица, го поздравуваат, се ракуваат и се сликаат со него. Сите го сакаат и го ценат, до таа мера што нам ни е тешко да поверуваме“, рече Геоф.

„Еднаш еден човек го запраша: ‘Ти хендикепиран ли си?’, а неговиот одговор гласеше: ‘Бев некогаш одамна кога одев во школо, но сега работам во МекДоналдс’.“ – Рече неговиот татко објаснувајќи како работата во МекДоналдс ја зголемува неговата самодоверба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди