Единствената врска

Дали со заврзани очи врз основа на допир би ја препознале својата мајка? Овие деца го направиле тоа. Во ова сентиментално видео – Единствената врска, експертите од Австралија пробале да дадат одговор на ова прашање така што замолиле шест мајки да волонтираат со своите деца.

На децата им биле покриени очите и врз основа на допир требало да ја познаат својата мајка. Сите жени биле многу нервозни, а некои дури и заплакале. Децата се насочувале од една до друга жена, допирајќи им ги рацете, лицето и косата.

Видеото е со наслов „The Unique Connection“ (Единствената врска) и направено е со цел да се прослави Денот на мајките и посебната врска која децата и мајките ја имаат. Видеото е објавено на 13-ти Април 2015 година, а до сега има повеќе од 18,8 милиони прегледи и го привлекло вниманието на многу славни личности. Денот на мајките во Австралија се слави на 10-ти Мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди