Генетиката влијае на нашите емоции?

Научниците од Los Angeles – California откриваат дека нашата генетика влијае на емотивноста и мозочните реакции. Истражувањата кои биле спроведени во колеџот „Алберт Ајнштајн“ (Albert Einstein College of Medicine) и научниците од универзитетот во Калифорнија (University of California) откриле дека емотивноста е вродена особина кај секој човек.

Во истражувањето за генетика биле вклучени 20 луѓе кои гледале фотографии на кои други луѓе се смееле или биле налутени. Научниците го скенирале нивниот мозок додека ги гледале фотографиите. Се констатирало дека чувствителните луѓе имаат повеќе проток на крв во делот на мозокот кој е одговорен за емоции, свест и емпатија (сочувство), што претставува физички доказ за присутност на карактеристики за чувствителност. Тоа се случувало во моментите кога гледале тажни или среќни луѓе.

Едно од истражувањата било спроведено на 620 деца кои биле собрани на седум дена во посебен камп. Децата биле на возраст од 7 до 14 години со сличен социо-економски статус, но со различно искуство во растењето. Едната половина од нив била злоставувана (физички, емоционално или сексуално), а другата половина имала нормално детство.

Децата со генетската варијација на чувствителност, кои биле злоставувани, новото окружување го доживувале како закана, додека пак децата со иста генетска варијација, но со нормално детство, биле љубопитни. Научниците заклучиле дека постојат одредени генетски варијации кои можат да допринесат за вознемиреност или љубопитност во новото окружување, но дека растењето и околината имаат многу голема улога во тоа како ќе реагира една особа, односно дали ќе биде таа емотивна или не.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди