Започнува Евровизија, Eye Cue настапува вечерва

Започнува Евровизија, Eye Cue настапува вечерва, под реден број 11.

Денес започнува Евровизија, првата полуфинална вечер е важна за нас, бидејќи денес настапуваат и нашите преставници Eye Cue. Тие ќе настапат во арената „Алтис“ во Лисабон со песната „Lost and found“ под реден број 11.

Автор на аражманот е нашиот познат композитор Дарко Димитров. Додека пак, автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај кју“ во кое членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски.

Денес ќе настапат 19 држави, а само десет од нив ќе се пласираат во финалето, кое ќе се одржува во сабота. Држави кои ќе настапуваат вечерва се: Азербејџан, Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Бугарија, Хрватска, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија ,Ирска и Кипар.

Месец дена нашиот познат бенд Eye Cue имаше турнеи низ Европа, каде што ја преставуваше нашата песна и беа добро прифатени. Ако гледаме на каналот на Youtube ќе прочитаме многу позитивни коментари за нашата песна и според ова можеби оваа година ќе влеземе во финале.

Eye Cue блеснаа на синиот тепих на Евровизија
Eye Cue на синиот тепих на Евровизија

Дел од пробите за денешниот настап

Погледнете го и официјалниот спот и песна, ако досега ги немате слушнато. Првата полуфинална вечер ќе започне од 21:00 часот, а пренос ќе има на МТВ 1.

Сподели го ова преку:
  • 23
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk