Заканата на Трамп за уништување на Северна Кореја е погрешна – Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ги осудува заканите на американскиот претседател Трамп врз Северна Кореја на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Германија и САД не се согласуваат околу тоа како да се справат со ќор-сокакот со Северна Кореја, рече канцеларката Ангела Меркел во средата на 20-ти Септември, осудувајќи ја заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за „целосно уништување“ на затворената држава.

Меркел, која се очекува да освои четврти мандат на изборите во недела на 24-ти Септември, рече дека санкциите и дипломатијата се единствениот начин да се добие нуклеарно вооружена држава на преговарачката маса.

„Јас сум против таквите закани“, изјави Меркел за телевизијата Дојче Веле, кога и беа поставени прашања за изјавите на Доналд Трамп во Обединетите Нации. „Сметаме дека било каква форма на воено решение е сосема несоодветна одлука и ние инсистираме на дипломатско решение“.

Таа додаде: „Од моја гледна точка, санкциите и нивната имплементација се вистински одговор. Но, јас сметам дека сè друго во врска со Северна Кореја е погрешно“. Меркел, исто така, напомена и дека пред изјавите на Трамп, пред неколку дена, преку телефон изјавила дека мора да се најде дипломатско решение.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!