Видео: Путин одблиску ја следеше воената вежба „Запад 2017“

„Запад 2017“ е грандиозната воена акција, која во моментов е спроведена од страна на армиите на Русија и Белорусија на околу 100 километри од границите на Европската унија и Естонија.

Вежбата започна на 14 септември 2017 и моментално е во завршна фаза. Вклучува 13.000 војници, иако западните аналитичари сметаат дека најмалиот број на војници е всушност повеќе од 60.000. Сепак, овој број моментално не може да се потврди.

Сценариото на вежбата е симптоматично – фиктивниот белоруски регион Вишнорија, прогласува независност со помош на бунтовниците и НАТО сојузот, каде Русија и Белорусија реагираат со моќ. Денешните вежби ги следеше рускиот претседател Владимир Путин.

Вежбата “Запад 2017” е инспирирана од воената вежба која се одржа во период од четири години за време на Студената војна и беше предводена од Варшавскиот пакт.

Во последните неколку години, Истокот на Европа, стана сцена за извршување на серија воени вежби од страна на НАТО и Русија, и се практикува да биде што е можно поблиску до границата со Европа, пренесуваат Ројтерс и Еј-Би-Си.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk