Ураганот Харви направи поголема штета од Катрина

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, рече дека штетата направена од ураганот Харви е огромна и дека сметката за обновување ќе ја чини Америка нешто повеќе од 180 милијарди долари.

Тој изјави дека е направена поголема штета од минатиот пат што ја предизвика ураганот Катрина кој го уништи Њу Орлеанс во 2005-та година.

Пакети со вода како помош за оштетените од ураганот Харви
Помош за оштетените од ураганот Харви

Во меѓувреме, шефот на агенцијата за справување со вонредни ситуации, Брок Лонг, предупреди дека државите погодени од поплавите не треба да се потпираат на тоа дека Вашингтон ќе ја плати сметката.

Тој изјави дека ураганот Харви треба да биде предупредување за локалните власти, пренесува Би-Би-Си.

За време на поплавите предизвикани од ураганот Харви, најмалку 47 лица го загубија животот, а 43.000 се сместени во згрижувачки центри.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk