Суспендирани се Медицински сестри во Флорида поради несовесно работење со бебиња

Во Флорида, поради несовесно работење со бебиња, односно, новороденчиња суспендирани се две медицински сестри.

Новороденчињата се најскапоцените суштества на оваа планета, тие се симбол на чистота и невиност.

Откако се роди моето прво бебе, се сеќавам дека плачев со радост и олеснување. Но, после тоа, јас не се сеќавам ништо, затоа што бев под дејство на антибиотици. Медицинските сестри во болницата се грижеа за моето малечко додека се опоравував. Но, некогаш неможев да замислам дека медицинските сестри ќе направат нешто толку несовесно, вели една мајка.

Медицински сестри во болницата „Џексонвил“ предизвикаа огромен бес на интернет, откако објавија фотографии што претставуваа целосно непочитување на доенчињата и нивните родители. На една фотографија, медицинската сестра на едно од новороденчињата му покажува среден прст со насловот: „Како се чувствувам во моментов со овие мини Сатани“.

Суспендирана Медицинска Сестра во Џексонвил

Другата фотографија, покажува како нејзината колешка (медицинска сестра) држи новороденче за рацете и го тера да игра на рап музика. Фотографиите првично беа објавени на „Снапчет“, но подоцна беа објавени и на Фејсбук од луѓе кои ги виделе овие загрижувачки фотографии.

Суспендирана Медицинска Сестра во Џексонвил

Веднаш по скандалот беа известени надлежните во болницата. Соопштението на управителот на болница „Џексонвил“ беше објавено на Фејсбук:

„Ние сме свесни за фотографиите кои се објавени на интернет. Тоа е срамота, неприфатливо, неверојатно непрофесионално и не може да се толерира. Ги идентификувавме оние кои се инволвирани во овој случај – двете медицински сестри. Тие се суспендирани од работа и ќе бидат дадени на суд. Ги известуваме родителите и им се извинуваме од сè срце“.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!