Се уште се бара исчезнатото дете од Скопје

Мајката и после седум дена се уште нема слушнато ништо за својот син се бара момче од Скопје

Пред седум дена сите ја споделуваа информацијата кога една мајка побара помош од социјалните медиуми да и помогнат да го пронајде својот син.

Статусот гласеше: Ве молам помогнете ми мојот син синоќа излезе во 20 часот, со бела Шкода таблички на автомобилот SK1566AP, статусот беше објавен на 11 декември. Подоцна била информирана и полицијата, па на нивната официјална страна можеме да забележиме дека е објавен во исчезнати лица за кои се трага.

Секојдневно луѓето чекаа вести, па мајката на својот пост коментираше дека полицијата го бара, но се уште нема никакви информации.

Денес по полноќ повторно објави слики од својот син и повторно побара помош од сите,објаснува дека не е избегано од дома, дека немал никакви семејни расправии за да го напушти домот и дека сигурно да е на безбедно, би контактирал со својата мајка. Според пишувањата на мајката станува збор за добро воспитано дете, кое имало добра плата, живеел во хармонија и немал никакви семејни проблеми.

Ви објавуваме слики од лицето Pineta Secondo, така да ако го видите него или неговиот автомобил, известете ја веднаш полицијата.

Сподели го ова преку:
  • 192
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk