Референдум за независност на Каталонија: Шпанската полиција во обид да го спречи гласањето!

Гласачите во Каталонија почнаа утрово да пристигнуваат на изборните места сè со цел да гласаат на референдумот за отцепување на регионот од Шпанија.

Гласањето на референдумот за независност на Каталонија, кој Шпанија го смета за неуставен, почна во девет часот во голем број избирачки места, според Ел Паис.

Каталонија на референдум за независност 2017 - 2
Твитер линк

Во некои избирачки места се тврди дека полицијата се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на некои места се пријавени инциденти. Весникот претходно објави дека шпанската национална полиција затворила околу 15 избирачки места и конфискувала гласачки материјал на повеќе локации.

Во некои места, како што се наведува, имало помали инциденти со полицијата, а луѓето кои од раните утрински часови чекаат во ред пред избирачките места, извикуваа „Ние сме народот на мирот“.

Министерството за внатрешни работи на Шпанија изјави дека националната полиција и цивилна гарда дека почнале да запленуваат гласачки кутии и ливчиња на гласачките места во Каталонија, пренесува Ројтерс.

Каталонија на референдум за независност 2017 - 2

Шпанската полиција започна распоредување на полициските службеници во делот на Барселона пред отворањето на гласањето на референдум на кој Каталонците сакаат да гласаат за независност, кој Мадрид го смета дека е неуставен. Во видео објавено на интернет страницата на Ел Паис се гледа дека специјалици со шлемови на главата, налутени стојат пред група луѓе, односно, гласачи во близина на избирачко место во едно училиште во Барселона.

Евиденцијата покажува како гласачите ги креваат рацете и извикуваат: „Надвор!“.

Организаторите на гласачкото место во едно од училиштата во Барселона побарале од собраната толпа да го блокираат влезот и да се користи пасивен отпор, ако во случај полицијата се обиде да го спречи гласањето, кое започна во 9.00 часот.

Властите во Каталонија соопштија дека гласачите можат да се изјаснат на било кое избирачко место, доколку некое од избирачките места каде што треба да гласаат биде затворено од страна на полицијата.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!