Oколу 270.000 припадници на заедницата Рохинга избегале од Мјанмар

Проценето е дека, околу 270.000 припадници на заедницата Рохинга избегале од Мјанмар во Бангладеш во последните две недели, соопшти денеска УНХЦР, и предупреди дека камповите за бегалци се преполни.

„Ограничените капацитети на засолништата веќе се искористени. Бегалците сега се сместуваат во импровизирани засолништа кои се напѓаат по должината на патот до слободната земја во областите Ухија и Текнаф“, се вели во соопштението објавено во Женева.

УНХЦР додава дека повеќето бегалци се жени, вклучувајќи ги и мајките со новороденчиња и семејствата со деца. „Тие пристигнаа во многу лоша состојба, исцрпени и гладни, во очајна потрага по засолниште”, се наведува во соопштението. Народот Рохинга е муслиманска заедница од северната страна на Мјанмар, чии членови се борат против насилството кое започна на 25 август, кога бунтовниците од оваа етничка група нападнаа десетина полициски пунктови и воена база. Во конфликтите што следеа и во воената контра-офанзива погинаа најмалку 400 луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди