Најнова вест, гори катедралата Нотр Дам во Париз

На социјалните мрежи се шират видеа и фотографии од тоа како гори Нотр Дам.

Како што соопштуваат од пожарникарната единица, во Париз во тек е голема акција за гасење на пожарот.
Горниот дел од катедралата веќе е срушен како што можете да видите на снимката.

Францускиот претседател Макрон, ги откажа сите настани, по повод настанатиот пожар.

Оваа катедралата е главна туристичка атракција во Париз, годишно ја посетуваат повеќе од 2 милиони посетители.

Како што јавуваат светските медиуми, во тек била реконструкција на катедралата, дали е тоа причината или нешто друго се уште не е познато.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!