Најдобра дестинација во Европа за новогодишните празници е Загреб

Новогодишната прослава во Загреб, трети пат е прогласена за најдобра во Европа.

загреб

Спред гласачите на порталот, European Best Destinations ,Загреб веќе трета година е најдобра дестинација за Нова Година во Европа. На второ место се наоѓа најшарениот француски град, Колмар, трета е Виена па следи Будимпешта, а на петто место е уште еден француски град Стразбур.

Според статистиките на сајтот, за Загреб како најдобра дестинација гласале, 200.516 луѓе од 131 земји од светот дури имало и тројца луѓе од Кенија. Гледајќи поединечно по земји, Загреб беше дестинација број еден за Американците, Канаѓаните, Русите, Грците и Австралијците, додека Британците, Германците и Австријците беша на второ место.

На Европскиот Плоштад  во Загреб, секој ден до 31 ќе има настани, божиќен пазар, музика и сл. На новогодишната ноќ односно на 31 декември ќе настапува, диџеј Eddy Ramich. Интересно место во Загреб е и Ледениот Парк кое е најголемо лизгалиште во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=1wFbxu6XncY

Во врска со ноќните клубови и локали, најевтината карта е некаде околу 50 куни или 400 денари, најчесто забавите се со ретро музика и локални диџеи. За помладите, најинтересна забава ќе биде во Студенскиот Центар, каде што забавата сигурно нема да заврши пред 5 часот наутро, темата на забавата е Амстердам, а цената на картата е 299 куни или 2400 денари. Но, и можете да одберете ексклузивни места, кои се отмени и скапи. Тука имате музика, јадење, пиење, ќе ве забавува Нина Бадрич, диџеи а цената на ваква локација како што е ZAGREB EYE, ќе ве чини 849 куни или 6900 денари.

Сподели го ова преку:
  • 18
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk