Лос Анџелес во пожар!

Властите на Лос Анџелес прогласија вонредна состојба поради пожарите кои се проширија во тој град. Евакуирани се неколку стотици жители на предградијата Глендејл и Бурбенк, соопшти Би-Би-Си.

Засега нема жртви, а повредени се најмалку 7 лица од пожарот кој досега уништил неколку куќи и патишта.

Градоначалникот Ерик Гарсети во саботата веччерта прогласил вонредна состојба, а во неделата тоа го потврдил и гувернерот на Калифорнија Џери Браун.

„Сега може да кажеме дека ова е најголемиот пожар во историјата на Лос Анџелес“, изјавил за Би-Би-Си градоначалникот Гарсети.

Пожарот зафатил околу 2.000 хектари, поради што градските власти наредиле да се евакуираат 700 домови во северниот дел на градот и во предградијата Бурбенк и Глендејл.

Градоначалникот Гaрсети за медиумите изјави дека благодарение на противпожарните служби, ситуацијата е подобра во однос на претходниот ден, но го загрижува тоа што дува силен ветер од северен правец.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk