Кралицата Елизабета има подготвен говор за почетокот на Третата светска војна

Британската кралица Елизабета Втора веќе долго време е подготвена да зборува за евентуалниот почеток на Третата светска војна.

За тој говор се зборуваше уште во 2013 година, а сега некои од неговите делови се појавија и во медиумите. Токму сега, во време кога ситуацијата со Северна Кореја се влошува.
Британските претставници подготвија говор за кралицата за време на Студената војна, што беше дел од тајна вежба смислена со намена да ѝ помогне на Британија да се подготви за Третата светска војна.

„Ужасот на војната не може да изгледа уште поголем во време кога моето семејство дели радост на Божиќ со семејството Комонвелт. Сега лудилото на војната повторно се шири низ целиот свет, а нашата храбра земја повторно мора да се подготви за да преживее. Не сум ги заборавила тагата и гордоста кои ги почувствував, додека со својата сестра, на радио ги слушавме зборовите полни со инспирација на својот татко на тој судбоносен ден во 1939 година. Никогаш не можев да си замислам дека оваа ужасна должност ќе ми преостане мене“, се наведува во говорот.

Говорот истакнува дека блиската семејна врска е најдобрата одбрана од непознатото.

Говорот беше објавен во Националната архива во 2013 година. во согласност со законот по кој се наложува, дека по 30 години, документите од кабинетот на премиерот и владата ќе бидат јавно објавени, пренесува Ројтерс.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk