Концертот на Мерлин Менсон е прекинат откако реквизит од сцената падна врз него!

Неколку часа пред концертот Мерлин Менсон се здобил со повреди на зглобот, но сепак, решил да го одржи концертот во Њу Јорк по секоја цена.

За време на неговиот перформас, тој удрил со ногата на подот, најверојатно со повредената нога и неуспешно се задржал за реквизитот кој потоа паднал врз него.

Потребно било повеќе од половина час да го извлечат легендарниот рок-метал пејач од местото. Според очевидци од публиката на концертот, реквизитот со железна арматура паднал врз неговата глава.

Мерлин Менсон моментално се наоѓа во критична состојба, а тимот во болницата врз него изведува тешки хируршки интервенции, неговата здравствена состојба сеуште не е позната и не се знае дали Менсон ќе го преживее ова.

Овој морничав настап може да го погледнете во овие видео пролози кои веднаш беа прикачени на Твитер.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!