Германците протестираат против влегувањето на АфД во парламентот!

Жителите на Германија излегоа на улиците на Берлин, Келн и Франкфурт откако беше објавено дека екстремната десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) успеа да влезе во државниот парламент.

Протести во Германија против АфД

Острата реакција на Германците ја предизвика информацијата дека националистичката и авторитетната политичка партија АфД освои најмалку 13,5 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Германија.

Стотици од нив се собраа на улиците во германските градови, со цел да изразат револт за изборниот успех на оваа политичка партија.

Германските медиуми објавија дека антифашистите се собрале во голем број пред седиштето на AfD во Келн и дека демонстрантите во германските градови палат „бакљи“ и носат транспаренти кои гласиле: „Бегалци, добродојдовте во Германија“.

Германската екстремно-десничарска партија АфД минатата година усвои анти-исламска политичка програма, како дел од нејзиниот нов манифест. Тие се со мислење дека исламот не припаѓа во Германија, исто така, повикуваа на забраната за Минаре и Бурка.

Откако почна бегалската криза, АФД забележа значително зголемување на популарноста, но и успех на изборите.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!