Бројни ѕвезди со порака на јакните и одговорија на Меланиjа Трамп

Првата дама на Соединетите Американски Држави – Меланија Трамп, во посета на детскиот камп за мигранти на Мексиканско-Америчката граница, беше облчена во јакна која на грбот е печатена со слоганот: „Мене навистина не ми е грижа, а вас?“, а реакциите за овој потег на првата дама во Америка секако дека нема да се затишат уште долго време.

Џил Ведер, сопругата на пејачот од групата „Pearl Jam“, носеше јакна за време на концертот на бендот во Милано, на која пишуваше: “Да, сите ние се грижиме. Зошто и ти не се грижиш?”.

Актерката Џена Ортега, исто така, се изјасни на доделувањето на „Радио Дизни Музичките“ награди, каде носеше бело палто на кое пишуваше: „Јас се грижам, а и ти би требала исто така!“. Петнаесетгодишната актерка кој публиката ја памти по улогата во ТВ Серијата „Jane the Virgin“ и по улогата во мега-хитот „Iron Man 3“ кажа дека се одлучила да носи вакво палто/јакна затоа што таа се грижи за мигрантите.
„А првата дама на САД, исто така, треба да се грижи за мигрантите“ – порача Ортега.

Актерката Бизи Филипс објави фотографија на Инстаграм, на која е облечена во маица со натпис “Грижа ми е! А на тебе?”

Конгресменката Дина Титус на својот Твитер профил објави фотографија на која на палтото имаше залепено парче хартија со пораката: „Јас се Грижам!“.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!