Јужна Кореја не верува дека ќе има војна!

Сè помалку  луѓе во Јужна Кореја веруваат дека нивниот сосед, ќе започне трета светска војна, покажа истражувањето на јавното мислење.

Таков став имаат ѓраѓаните на Јужна Кореја, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно истакна можност за воена акција. Пјонгјанг минатата недела ја згрози меѓународната заедница, тестирајќи ја разорната нуклеарна бомба.

Меѓутоа, истражувањето покажа дека Јужна Кореја значително помалку е загрижена поради војна во однос на податоците од 2007 година. Анализите биле направени неколку месеци откако Севернокорејците ја извршија првата нуклеарна проба.

Според податоците, 58 проценти од испитаниците сметаат дека нема шанси соседот да започне трета светска војна, а во 2007 година, вакво мислење имале 45 проценти од населението.

Трамп повеќе пати кажа дека сите опции се отворени, а исто така, тој рече дека посакува да „не користи воена интервенција“.

„Војната акција е сигурна опција. Но, дали е неизбежна? Ништо не е неизбежно“, изјави Трамп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди