Јужна Кореја испали ракети симулирајки напад над Северна Кореја

Јужна Кореја изведе вежба во која испали неколку ракети симулирајки напад на нуклеарните подрачја во Северна Кореја, што претставува одговор на шестиот тест на Пјонгјанг.

За време на вежбите е користено вистинско оружје, односно, ракети кои биле испалени од борбени авиони и ракети кои биле испалени од земја. Овој потег Јужна Кореја го направи откако САД предупреди дека секоја закана до нив или нивните сојузници ќе резултира со „огромни воени последици“.

Северна Кореја соопшти дека тестирала хидрогенска бомба, која може да се постави на проектили со голем домет.

Пјонгјанг на неколку наврати им претеше на сакциите кои ги доби од Обединетите Нации и меѓународниот притисок за развојот на нуклеарното оружје и тестирањето на проектили, а тие провокации станаа поинтезивни.

Во последните два месеци Северна Кореја спроведе неколку тестови на интерконтинентални балистички проектили од кои еден ја прелета јапонската територија и заврши во водите на пацификот. Северна Кореја, исто така, се закани и дека ќе испрати проектили на Америчка територија во пацификот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди