Хуманитарен брод за народот Рохинга

Од меѓународната организација за спасување на мигранти “Migrant Offshore Aid Station” (MOAS) изјавија дека своите операции ќе ги префрлат во Азија за да му помогнат на народот Рохинга.

Оваа организација, чии членови тврдат дека спасиле повеќе од 40.000 луѓе во Медитеранот од 2014 година, го преместува својот брод од Малта во водите покрај брегот на Мјанмар, објави BBC.

Нивниот брод кој го носи името “Феникс” до Бенгалскиот залив ќе патува околу три недели, а од организацијата наведоа дека ќе донесат многу повеќе од потребната хуманитарна помош и поддршка на народот Рохинга, и дека ќе работи на обезбедување платформа за транспарентност, промоција на свеста и одговорноста во таа област.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди