Севернокорејската ICBM забележана во движење

Јужна Кореја во вторникот изјави дека договорот со САД за отфрлање на ограничувањето на тежината на боевите глави ќе помогне да се одговори на нуклеарната и ракетната закана на Северна Кореја откако Пјонгјанг го спроведе својот шести и најголем нуклеарен тест пред два дена.

Јужнокорејските власти веруваат дека е можно поголема провокација од „Затворената Држава“ и покрај меѓународниот бес поради неделните тестови и повика на повеќе санкции за Северна Кореја.

Јужнокорејскиот дневен весник “Азија Бизнис Дејли”, цитирајќи неидентификуван извор, во вторникот објави дека армијата на Северна Кореја е забележана во движење кон јужнокорејското западно крајбрежје со ракета која изгледала потполно исто како интерконтиненталната балистичка ракета „ICBM“ (Intercontinental Ballistic Missile).

Ракетата почна да се движи во понеделникот и беше забележана како се движи само ноќе за да се постигне што помала видливост, се вели во извештајот.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја, кое во понеделникот предупреди дека Северна Кореја е подготвена да испали „ICBM“ во секое време, рече дека не се во можност да ја потврдат содржината на извештајот.

Северна Кореја тестираше две „ICBM“ во јули, кои можеа да летаат околу 10.000 км (6.200 милји), со што голем дел од копнените делови на САД беа на домет и поттикнаа нов круг меѓународни санкции против Пјонгјанг.

Во понеделникот американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун “се моли за војна” и побара од Советот за безбедност на ОН од 15 члена да ги спроведе “најсилните можни” санкции за да го „приземји“ Ким Јонг Ун, и да ги затвори преговорите со сите негови трговски партнери.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот одржа разговори со неколку странски лидери, меѓу кои беше и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џеј-ин и германската канцеларка Ангела Меркел, а Белата куќа изјави дека “сите опции за решавање на заканата од Северна Кореја се на маса”.
Јужна Кореја е во преговори со Вашингтон за распоредување на носачи на авиони и стратешки бомбардери на Корејскиот полуостров, а во меѓувреме ја зголемува сопствената одбрана, објави Ројтерс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди