Русија го предупреди Трамп да не започува војна со Северна Кореја

Русија го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не започне еднострана борба со Северна Кореја, тврдејќи дека “еден несмасен чекор би можел да доведе до експлозија”, односно, ескалација на целата ситуација.

Ким Јонг-ун

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, побара од Америка да најде “политичка резолуција” поради зголемените тензии по шестиот нуклеарен тест на Пјонгјанг.

И Кина денес ја критикуваше заканата од страна на претседателот Доналд Трамп да ја спречи трговијата на САД со земјите кои соработуваат со Северна Кореја и го избегна притисокот да сторат нешто повеќе за да го спречат нуклеарниот развој на Северна Кореја.

Трамп се закани веднаш откако Северна Кореја во неделата експлодираше термонуклеарен уред во својот шести и досега најмоќен нуклеарен тест, а заканата се сметаше како предупредување за Кина, главниот трговски партнер на Северна Кореја и единствениот голем сојузник.

Говорејќи на самитот на БРИКС во Кина, Рјабков рече: “Оние кои се посилни и попаметни треба да покажат воздржаност. Секој несмасен чекор би можел да доведе до експлозија”.
Тој рече дека санкциите за Северна Кореја го достигнале лимитот на нивното влијание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди