Меркел и Абе за санкции против Северна Кореја

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел, се согласија да се разгледа прашањето за „посилна“ резолуција на ОН, за санкции против Северна Кореја по нуклеарните тестови на „аутсајдерот“ минатиот викенд, изјави јапонскиот министер за надворешни работи.

„Шестата нуклеарната проба на Пјонгјанг во неделата претставува закана не само за Јапонија, туку и за целиот свет“, рече Меркел во телефонскиот разговор кој траеше 20 минути со јапонецот Абе, изјави јапонското министерството.

Германската канцеларка, исто така, му посочи на Абе да смета на тоа дека таа ќе ги покани сите лидери на ЕУ да пронајдат заедничко решение во врска со ова прашање.

Двајцата лидери, исто така, се согласија за важноста на улогата што Кина и Русија мора да ја имаат во предвид за спречувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја и санкциите против неа.

Шинзо Абе во средата за новинарите изјави дека сака Северна Кореја да сфати дека „нема да има светла иднина за неа“, ако продолжи вака да се однесува, а воедно и Северна Кореја да разговара одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Претседателот на Јужна Кореја Мун Џеј-ин оваа недела во Владивосток, објави Ројтерс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди