VIP-гостите на „Баерн Минхен“ ќе можат да ги следат натпреварите во живо од хотелска соба

Германскиот гигант „Баерн Минхен“ е во многу нешта пред другите фудбалски клубови, а последната одлука што ја донел управниот одбор на клубот, сепак ќе го направи Баерн многу поголем од другите великани.

Имено, клубот од Минхен потпиша договор за спонзорство со хотелот „Мериот Интернешнл“, кој ќе отвори неколку апартмани во стадионот на Баерн, односно, Алијанц Арена.

Само VIP фанови или почесни гости на стадионот ќе имаат можност, со омилениот пијалок во рака, да ја следат играта на „Баерн Минхен“ од удобниот кревет во хотелот „Мериот Интернешнл“, како и натпреварите на германската фудбалска репрезентација.

Веќе е објавена „рендер-фотографија“ од апартманите… Но, сеуште не се открива, колку ќе изнесува цената за изнајмување на еден таков апартман, сè додека целосно не се комплетира проектот за „собите“ на елитните „уживачи“ во футбалот на Алијанц Арена.

Сподели го ова преку:
  • 2
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk