Селин Дион ги изненади младенците така што им запеа на свадба

Познатиот водител Џими Кимел, во своето шоу, на венчање ги донесе младенците дури од Лас Вегас, каде присуствуваа Селин Дион и актерот Дејвид Спејд. Младенците Џејсон и Кејт од колорадо до последен момент немаа поим дека на нивната свадба ќе запее еден од најмоќните женски вокали на планетата – Селин Дион.


Додека траеше церемонијата, за време на размената на завети, Џими Кимел се јави од своето студио во живо, а на младенците им се придружи и актерот Дејвид Спејд кој заедно со нив наздрави во нивна чест. Младенците не можеа да веруваат што им се случува во тој момент.

Потоа Џими Кимел прејде на главното, ги запраша Џејсон и Кејт дали имаат желба еден со друг да бидат доживотни сопатници. Откако младенците го кажаа своето судбоносно „ДА“ и откатко Кимел ги прогласи официјално за сопружници, во салата се појави и Селин Дион.

Таа на младенците за првиот танц им ја запеа нејзината најслушана песна ширум светот, која претставува мега хит уште од 1996 година „Because You Loved Me“. По изведбата Селин Дион им пријде на младенците, ги прегрна и секако им честиташе на венчавката.

Сподели го ова преку:
  • 14
  • 1
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!