Во море пластични девојки, Пинк прогласена најубава жена на светот

Во море пластични девојки,  магазинот People ја прогласи Пинк за најубава жена на светот.

После,  Кејт Хадсон, Никол Кидман и Џулија Робертс која е пет пати прогласена за најубава жена во светот, оваа година титулата и припадна на Пинк. Пејачката се најде на насловната страница на најновото издание на списанието заедно со нејзините две деца, 6-годишната ќерка и 15 месечниот син.

пинк

38 годишната пејачка за весникот и даде интервју каде најмногу зборуваше за своите деца. Како таа ги воспитува да бидат силни. Интересно беше што откако ја прогласија, познатата комичарка Елен Де Генерес, ја вклучи во живо во нејзината емисија. Елен и честиташе, кажа колку е среќна и го подари нејзиното омилено цвеќе и круна.

Пинк и нејзиниот сопруг се заедно од 2001 година, а се венчаа 5 години подоцна. Таа изјавила „Сакам моите деца да знаат дека ние секогаш ќе бидеме тука за нив.“ Кажала и дека она имала многу поинтересно и поактивно детство, од нејзните деца денес, цело време била надвор и возела велосипед.

пинк

Исто така призна дека сака дома да не владеат општествени норми, сака нејзините деца да растат во неутрална средина, без родови стереотипи и пред се да знаат што е „чесност и правда”.

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!