Убиен е актерот од филмот „Trainspotting“

Во престрелка во Единбург е убиен актерот од филмот „Trainspotting“.

Актерот Бредли Велш (42) беше убиен минатата ноќ во престрелка во главниот град на Шкотска – Единбург.

Бредли Велш, познат по својата улога како Г-дин Дојл во филмот „Trainspotting 2“, исто така, беше боксерски шампион на Велика Британија во лесна категорија, а Дени Дајер го пречека во своето телевизиско шоу за најопасните типови.

Бредли Велш

Неговите пријатели како и фановите се простија од него на социјалните мрежи, а еден од нив е и Ирван Велш, кој го напиша сценариото за „Trainspotting“.

„Збогум мој прекрасен пријателе. Ти благодарам што ме научи да станам подобра личност и ми помогна да го видам светот на поблаг и помудар начин“, напиша Велш.

Многу други го пофалија неговото добротворно дело и улогата во аматерскиот свет на боксот во Шкотска.

Бредли Велш беше застрелан на улица каде што неговото тело го пронашла медицинска екипа од итна помош, а полицијата трага по напаѓачите и причината за убиството, пренесува „Daily Mail“.

Сподели го ова преку:
  • 25
  • 1
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!