Со гола фотографија го сруши интернетот

Американскиот актер, 39-годишниот Чанинг Тејтм, го сруши интернетот и одушеви скоро 18 милиони следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија на која позира сосема гол.

Имено, ѕвездата на филмовите „Makic Mike“ и „Step Up“, поради изгубена кладба, бил присилен да објави фотографија која за многу кратко време добила еден куп лајкови и коментари од своите обожуватели.

„Изгубив во играта Џенга од Џеси… губитникот (јас), мораше да објави фотографија која ќе ја одбере другата личност, (Џесика Корниш) во овој случај. Никогаш повеќе нема да играм со неа“, напиша актерот во постот со фотографијата каде позира потполно гол под млаз вода.

Фотографијата во рекордно време собра скоро 3 милиони лајкови и комплименти меѓу кои се најде и оној на манекенката Оливија Кулпо. „Мислам дека навистина го сруши интернетот“, напишала 26-годишната американка.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Channing Tatum (@channingtatum) on

Виновникот за фотографијата, пејачката Џеси Џеј (Џесика Елен Корниш) која воедно е и девојка на Чанинг Тејтм, кратко прокоментира под објавата на постот: „Добрината лежи во споделувањето“.

Сподели го ова преку:
  • 26
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!