Сите погледи во деколтето на Ева Лонгориа

Славната холивудска актерка Ева Лонгориа неколку пати е прогласена за најубава жена во светот. Оваа титула ја потврди уште еднаш кога се појави во многу провокативно издание на хуманитарниот настан кој го организираше „The Global Gift Foundation“ во Мексико Сити.

Сите погледи беа упатени во убавата Ева Лонгориа и во нејзиното деколте кое го истакна во прв план. Актерката која се прослави со улогата на Габриела во „Очајни Домаќинки“ со причина беше помеѓу најзабележаните личности кои беа поканети на хуманитарниот настан „Global Gift Foundation“.

Ева Лонгориа

Зад храбриот стајлинг и фустанот со длабоко деколте се потпиша дизајнерката Моника Луилиер.

Одличниот мејкап и добрата фризура убаво го заокружија овој беспрекорен стајлинг на 44-годишната актерка и продуцентка која минатата година за прв пат стана мајка и доби син кој се вика Сантиаго.

Убавицата родена во Тексас уште еднаш беше кралица на вечерта. Инаку, откри дека по породувањето во форма се вратила благодарение на добро смислена комбинација на исхрана и редовни вежби.

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!