Што се и се случило вчера на Наташа Беквалац

Сите детали, за вчерашното претепување на Наташа.

Србија вчера беше во неверување, откако се дозна дека сопругот на Наташа Беквалац, крвнички ја претепал. Се се случило, кога Лука си дошол дома во 3 часот по полноќ, мртов пијан. Наташа дознала дека вечерта ја поминал со девојки бидејќи видела пораки на неговиот мобилен телефон. Почнала кавгата, а Лука се изнервирал и почнал да ја тепа, крвнички со раце и нозе. Најмногу повреда и направил, на стомакот бидејќи се породи пред месец дена со царски рез и добила мал потрес на мозок. Вчера Наташа, два пати мораше да ја однесат во болница, поради повредите.

Родителите на Наташа, се шокирани, таткото изјавил дека ова е многу болна тема за него и неможе да разговара.

Додека пак родителите на Лука се обиделе да ја сокријат целата приказна, па татко му за новинарите изјавил дека се е лага и дека Наташа сега е кај нив и пие кафе, што не било вистина.

Наташа, во 22 часот беше во полиција каде даде изјава за немилиот настан. Адвокатскиот тим, побара да Лука се задржи 48 часа во станица, па потоа во притвор, од страв да не го стори делото повторно. Исто така покренаа постапка за развод и барање за старателство на едно месечната ќерка.

luka

Лука беше повикан во пoлиција, го пронашле во станот на неговите родители. Шокантно било за полицијата што ги замолил да не биде долго сослушувањето дека има бизнис и нема време. Тој во полоцијата дал исказ дека, точно бил пијан, имал пораки од три девојки, Наташа почнала да се кара и да го напаѓа, а тој во одбрана ја бутнал и таа сама паднала.

Сепак полицијата, одлучи да не го задржи да го пушти условно на слобода, со тоа што нема право да и се доближува на Наташа и на неговата ќерка.

Многу познати српски ѕвезди беа згрозени од овој немил настан, да ја претепате мајката на вашето бебе, кое се породила пред месец дена. Поддршка доби и од Цеца и од бившиот дечко  Ќазим Османи, кој ветил дека ќе и помогне.

Сподели го ова преку:
  • 14
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!