Шекил Онил потрошил милион долари за роденденот на својата ќерка

Легендарниот НБА кошаркар во пензија, Шекил Онил и неговата поранешна сопруга Шони Онил, на својата ќерка Амира Мими и приредија незаборавна роденденска забава за која потрошиле скоро еден милион долари.

„Шек и Шони имаат пет деца за кои прават сè во животот“, изјави извор близок до Шони Онил за E-News.

Амира Мими Онил

Роденденската забава за Амира се оддржала во хотелот W Hollywood каде познатите родители го изнајмиле целиот кров на хотелот и соби за сите гости. Храна и пијалоци, нормално обезбедени на високо ниво, а до касно во ноќта се забавувале околу стотина пријатели на Амира Мими.

 

@YG always puts on a great show! It was so fun capturing him, @rjmrla and @djvision_ at #MimiSweet16 🎂 and s/o @karencivil 👋🏼

A post shared by Cassy Athena Photo 📸 (@cassyathenaphoto) on

„Мими, нејзините сестри и браќа сакаат да играат на музика па затоа сакале клубска забава. Подот се тресеше. Сите играа… И стари и млади“, додаде пријателот на Шони во изјавата.

 

@yg got this thang rockin

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq) on

Гостите ги забавувал популарниот рапер YG, а меѓу присутните била и Кори Бродус, ќерката на Снуп Дог. Нормално, ниедна роденденска забава неможе да помине без поклони, така и оваа, а според печатените медиуми, Шекил на својата ќерка и поклонил автомобил Мерцедес од 123 илјади долари.

 

Shout out to @yg for blessing my baby sweet 16 I owe u one big homie @michaelrapaport #mimisweet16

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq) on

„Минатата ноќ беше многу забавна“, напишала Амира на својот Инстаграм профил.

Шекил навистина не штеди кога станува збор за неговите деца, а тоа го докажа на минатогодишниот роденден за синот Шериф, каде му приреди незаборавна забава за 400 гости. Шериф наскоро ќе го прослави својот 18-ти роденден, така што, очекуваме голем спектакл.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!