Семејството на Авичи имплицира дека тој извршил самоубиство

Семејството на Авичи, една недела по неговата смрт, имплицира дека тој извршил самоубиство.

Цел свет со жалење ја доби веста за талентираниот Авичи, на никој не му се веруваше дека може да згасне толку млад живот. По, неговата смрт, можевме да чуеме изјави од негови пријатели дека тој одамна се жалел, дека неможе веќе да работи. Тој ги молел неговите продуценти да го остават, но тие цело време му закажувале нови тезги. Протече и видео како тој лежи во болница, а веќе другиот ден бил на настап.

Поради стресниот живот тој почнал да пие премногу алкохол. Денес неговите родители напишаа писмо до неговите фанови кои според зборовите, имплицираат дека Авичи сепак извршил самоубиство.

“Нашиот сакан Тим бил трагач, кревка уметничка душа, перфекционист, кој се надмина себеси. Кога престана да патува и да има, турнеи, сакаше само одмор да се најде себеси да одмори, заедно со тоа што го сакаше најмногу, а тоа е музиката,“

„Тој се бореше, со мислите, со животот, но тој неможе повеќе да ја пронајде својата среќа. Тим, не беше човек да биде бизнис машина, тој само ја сакаше музиката. Но, беше човек кој ги скаше фановите и несакаше никогаш да ги разочара.“

На крај тие завршуваат: „Тим, без разлика на се ти секогаш ќе бидеш сакан и светот никогаш нема да те заборави благодаение на твојата музика“

Те сака твоето семејство!

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!