Се вери Џастин Бибер

24-годишниот Џастин Бибер се вери со својата девојка Хејли Болдвин.

Оваа вест вчера беше најактуелна во светот на шоу бизнисот. Најмногу светот се изненади дека се вери со 21 годишната манекенка Хејли Болдвин, додека сите очекуваа дека тоа ќе биде Селена Гомез. Овој пар и предходно имаше љубовна врска, но раскинаа и сега се повторно заедно и посреќни од било кога. Тие се знаат од мали започнале како многу добри пријатели, за во 2014 година да започнат љубовна врска. Тогаш постојано ставаа слики на своите социјални мрежи, но раскинаа и тврдеа дека никогаш не ни биле во љубовна врска.

Justin and Hailey in the Bahamas today //C

A post shared by Justin B & Selena G. Updates™️ (@gomezbieberdayli) on

Потоа овој пар не се ни дружеше. Џастин го поврзуваа тогаш со Кендал, па потоа реши да се смири со неговата најголема љубов Селена Гомез.

По разделбата со Селена, Хејли повторно ја забележуваме со Џастин, но никој не очекуваше дека овој пар ќе се вери. Свршувачката се случила викендов на Бахамите. Се започнало со танц, но потоа обезбедувањето на Џастин ги замолило, сите гости да ги исклучат мобилните дека ќе се случи нешто убаво и тогаш Џастин ја побарал Хејли за жена.

Justin and Hailey //C

A post shared by Justin B & Selena G. Updates™️ (@gomezbieberdayli) on

Таткото на пејачот само поврди дека неговиот син никогаш не бил посреќен и дека оваа манекенка многу позитивно влијае во неговиот живот. За подоцна и Џастин да ја потврди веста дека, неговото срце конечно е полно со љубов и е пресреќен човек.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!