Роби Вилијамс повторно не шокира што ги охрабрува младите да конзумираат дрога и алкохол

Во последното интервју, тој изјавува дека младите треба да пробаат и дрога и алкохол за добра забава.

Група од млади момци и девојки, го запрашаа Роби, дали тој се уште конзумира дроги, како порано. На што тој одговори, дека веќе е стар и не го прави тоа, дека неговото срце, неможе да поднесе таков ритам на живот.

“Тоа е минато … Види, имам 44 години и моето срце не може да се справи со такви работи. Освен тоа, имам деца”, рече тој

Потоа тој ги запраша колку години имаат, а тие му одговорија дека имаат 20 години.

“Само 20 години, одлично, продолжете да се забавувате, направете го тоа добро и снимајте сè за да можете да се сетите другиот ден. Вискито што сега го пиете оди одлично во комбинација со кокаин и екстази, не знам дали сте пробале, но тоа е факт “, рече тој низ смеа.

Потсетиме, дека Роби предходно доста има зборувано за тоа дека во минатото користел доста дроги и алкохол. Тој дури призна дека бил дрогиран кога ја сретнал својата актуелна сопруга Ајда на една од холивудските забави.

Тој призна дека бил зависник од дрога дека пател од анксиозност , но дека пак дрогата му донела други проблеми во животот, а тоа дека имал страв да настапува, имал проблеми со тежината и зависност.

“Откако се запознав Ајда, видов колку е убава жена, имавме многу состаноци, но многу од нив беа лоши дека јас бев на таблети, бев дрогиран и не изгледав добро.“

Но, покрај се тој се трудел пак да ја освои, таа почнала да живее со него, а тој го сменил начинот на живот и денес се среќни во својот брак.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!