Познати личности кои одлучиле никогаш да немаат деца

Растејќи, многу од нас се учени дека треба да одиме на училиште, да се вработиме, да се склучиме брак, да почнеме семејство и да имаме деца – по тој редослед!

Но, со текот на годините, општеството се смени и денес е многу честа појава да луѓето не сакаат да имаат деца. Ова се дел од познатите личности кои донеле таква одлука:

Опра Винфри - Оскари 2016

Опра Винфри

Сите знаеме дека Опра нема деца иако е со нејзиниот партнер во врска од 1986 година.
“Да имам деца па тие ќе ме мразат, ќе завршат во Опра шоу каде ќе се жалат од мене, како страдаат во животот” изјавила Опра

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон

Со години, Џенифер Анистон е главна мета на таблоиди за гласини дека е бремена но никогаш тоа не беше вистина. „Можете само да замислам колку е заморно да ги слушнете луѓето како разговараат за вашиот личен живот.“ Воопшто не е среќна што цело време ја прашуваат за тоа кога ќе стане мајка.

„Мислам дека е не е  фер. Можеби нема да имаш дете кое ќе излезе од твојата вагина, но тоа не значи дека не си мајка – имам кучиња, пријатели, деца на пријатели“, рече таа.

Челзи Хендлер

Челзи Хендлер

Таа изјави дека нема деца затоа што едноставно не ги сака. Се разбира ова го изјави на комичен начин. Но изјави дека познава многу мажи и жени што немаат деца и што немаат никаков проблем.
Таа во едно интервју ја кажа вистинската причина:
“Јас сум тетка и пријателка на многу мајки, но немам време за свое. Ако имам дете ќе треба да го одгледа дадилка.”

Елен Дегенерс и Портија де Роси

Елен Дегенерс и Портија де Роси

Тие се во брак од 2008 година, а и двете се решени да немаат деца.

“Мора навистина да сакате да имате деца, а ниту еден од нас не сака”, вели Портија.
Елен па причината ја објаснува во својата книга таа напишала: “Размислувавме за тоа, сакаме да бидеме околу деца, но на крајот одлучивме дека не сакаме сопствени деца. Во нашата куќа има премногу стакло тоа е опасно за нив”

Камерон Дијаз

Камерон Дијаз
Кога сфатила колку работа има околу деца решила никогаш да не стане мајка.

„Тоа е многу работа да имате деца околу себе. Да имате живот покрај себе, за кое што сте одговорни е премногу стресна работа“, вели Дијаз. Таа, исто така, додала „Тоа бебе е со вас преку ден, навечер така цели 18 години не можам јас тоа“.

Рене Зелвегер

Рене Зелвегер
Рене призна дека децата никогаш не биле нејзината амбиција.

Таа објасни: „Јас само ги земам работите како што доаѓаат, од ден за ден и баш ми е супер“.

Ким Катрел

Ким Катрел
Говорејќи за сексот и градот… Ким Катрел откри зошто таа нема деца.

„Ги чувствував социјалните притисоци и мојот сопствен биолошки часовник. И чувствував малку напнатост: би можела ли да одгледувам деца сама, колку тешко тоа може да биде?“, објасни таа. Но, на крајот, сепак сфатила дека не е подготвена за мајчинство.

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!